МЗТ Скопје се посрамоти со Олимпија

По изненадувањето со Цедевита, екипата на Петрол Олимпија го совлада и македонскиот шампион МЗТ Скопје, со високи 96-55. „Металците“ од целиот натпревар имаа своја епизода кон крајот на вториот период, а потоа гостите од Словенија буквално го надиграа нашиот претставник во јадранското натпреварување.  Со поразот од претпоследно пласираната екипа на Олимпија, МЗТ го запиша вкупно 16. пораз во шампионатот.

И двете екипи не успеаја да ја задржат контрола врз топката во воведните минути, но МЗТ го направи првиот кон преземање на иницијативата со тоа што поведе до 9-6 откако Трајковски го забележа својот седми поен. До крајот на првата четвртина „металци“ не го искористија последниот напад, но затоа Баџим погоди тројка со звукот на сирената за предност од 18-15 за гостите.

Олимпија постепено почна да гради предност во вториот дел откако МЗТ наиде на проблеми со реализацијата. Пред се шутот за три поени воопшто не ги служеше (2/11), па затоа на пет минути до паузата словенечкиот состав стигна до +9, но кошаркарите на Жељко Лукајиќ од тој момент почнаа да вршат притисок на цел терен, па ги натераа гостите да направат неколку грешки и при тоа да го загубат водството. МЗТ на пауза замина со тешко заработени два поени предност (39-37).

Кошаркарите на МЗТ како да го заборавија целиот вложен труд од втората четвртина, само три реализирани поени за пет минути беа знак дека само со напад нема да стигнат до посакуван резултат. Илимпија се врати на оние +9, а набрзо потоа ја остварија и првата двоцифрена предност (+15), и прашање беше дали тимот од Аеродром ќе може да изврши уште еден притисок за да избегне ноб дебакл пред своја публика. МЗТ во цела трета четвртина постигна само пет поени, додека Олимпија „избега“ на недостижни +21 и со сигурно водство влегоа во последниот период.

Олимпија во последните пет минути од средбата забележа предност од +32(83-51), и ја натера и така малку присутната публика предвреме да ја напушти салата. МЗТ го одигра можеби најлабиот натпревар сезонава кога се зема во предвид, бидејќи за две четвртини едвај реализираа 16 поени.

Трајковски и Стојановски беа најефикасните кошаркари за МЗТ со по 12 поени. Морган и Оливер се покажаа како најрасположени за гостинскиот состав, реализирајќи 16, односно 15 поени.

 

Се вчитува...