МЗТ Скопје се раздели со Еван Максвел

Еван Максвел повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје, потврди клубот од Аеродром. Американецот пристигна во „Јане Сандански“ како големо засилување за битката под обрачите, но пред почетокот на сезоната претрпе повреда која не само што го оддалечи од теренот, туку и го спречи да го докаже својот потенцијал.

Центарот не беше дел од македонското првенство, а настапи на само пет натпревари во АБА лигата во кое за просечно 15 минути поминати на паркетот забележа просек од осум поени и 2.6 скока.

Се вчитува...