МЗТ Скопје славеше против Рилски спортист за трета победа по ред низ подготовките

Трета победа по ред во петтиот подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром.

Со помал фонд кошаркари поради ситни повреди „металците“ повторно беа подобри од бугарскиот прволигаш. Најефикасни во победата на МЗТ беа Крстевски и Бакович со по 18 постигнати поени.

Ова беше и последниот тест-натпревар за МЗТ Скопје пред Суперкупот против Феникс кој се игра в сабота (23. септември) во СРЦ „Кале“ со почеток од 19:30 часот.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
МЗТ Скопје Аеродром – Рилски спортист 75-69 (24-18, 24-11, 15-26, 12-14)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Крстевски 18, Ворку 7, Петков, Иванов, Робев 7, Бакович 18, Д. Стојановски 5, В. Стојановски 11, Танасковиќ 9.

Се вчитува...