МЗТ Скопје со „хендикеп“ од 20 поени брка влез во полуфиналето на АБА2

Натпреварите од разигрувањето за титула во АБА2 лигата за МЗТ Скопје продолжуваат денеска од 12 часот со вториот меч од четвртфиналната серија против српски Младост, дуел на кој „сино-белите“ бркаат негатива од 20 поени (95-75) од првиот натпревар кој беше одигран пред само два дена.

Избраниците на Радуловиќ одиграа далеку под очекувањата на двете страни од паркетот. Составот од Земун по воведните неколку минути на средбата имаше целосна контрола на дуелот, одолеа на налетот на „штрковите“ во третата четвртина и  стигна до победа.

За МЗТ Скопје денеска да се надева на победа мора сериозно да ги промени работите во својот состав. Најголем проблем за македонскиот претставник беше скок играта во која српскиот тим ја изрази доминацијата со дури 25 повеќе скока (47-22), од кои произлегоа 32 поени.

За составот од Аеродром да се најде во полуфиналето од разигрувањето денеска мора да слави со повеќе од 20 поени разлика со оглед на тоа што системот на натпреварување е во форматот

Се вчитува...