МЗТ Скопје со нов стабилен спонзор за наредната сезона

МЗТ Скопје ќе влеззе со нов главен спонзор во наредната сезона, откако е финализиран договорот со компанијата М-Тел, за српската телекомуникациска компанија да се најде на дресовите на актуелниот шампион на Македонија.

ЕКИПА веќе ја најави оваа соработка уште пред неколку месеци, истата е обезбедена со државна помош, па откако Работнички потпиша договор за генерален спонзор со М-Тел, оваа компанија сега финансиски ќе ги помагаа двата најтрофејни клуба во Македонија. Новите дресови на аеродромци ќе бидат со М-Тел како главен спонзор на градите на кошаркарите на МЗТ, исто како што е тоа случај и со „центарци“.

Договорот е повеќегодишен, финансиските детали не се обелоденуваат во јавноста, но едно е јасно – помошта е добредојдена за МЗТ Скопје по огромните долгови што клубот ги наталожи по катастрофалната работа на водечките лица минатата сезона.

Се вчитува...