МЗТ Скопје со пресврт до прва победа над Кожув, во мечот кој го одбележа скандалозниот потег на Николиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија против Кожув од плејофот во Првата македонска кошаркарска лига откако триумфираа во „Јане Сандански“ со 83-69.

Актуелните шампиони до победата дојдоа со пресврт благодарение на одличното второ полувреме откако првото го завршија со 39-49.

Но, во вториот дел, целосен пресврт за конечна победа од 14 поени разлика.

Мечот, сепак, го одбележа скандалозниот потег на тренерот на МЗТ, Гаги Николиќ кој во втората четвртина влета на терен и собори противнички кошаркар за што заработи и исклучување.

Најдобар кај МЗТ беше Војдан Стојановски со 29 поени и седум скока, а Дамјан Стојановски запиша 21 поен дополнети и со девет скока. Кај гостите се издвои Гордон со 21 постигнат поен.

Се вчитува...