МЗТ Скопје со стил го заврши „АБА 2 балонот“ во Сараево (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарскиот шампион на Македонија МЗТ Скопје Аеродром со „три од три“ ќе се врати од Сараево каде изминатиот период го играше „третиот турнир“ во годинашната сезона во АБА 2 лигата.

Вечерва Аеродромци на убедлив начин славеа над црногорскиот Ловчен од Цетиње со 100-81. Уште од самиот старт македонскиот шампион тргна фуриозна и по само десет минути веќе имаше предност од (31-21). Во втората четвртина Црногорците му парираа на МЗТ па на полувреме тимот од Аеродром замина со позитива од плус единаесет (49-38).

На стартот на вториот дел повторно следуваше експлозија на избраниците на Радуловиќ. На противникот му „спакуваа“ 36 поени и веќе по 30 минути игра ги разрешија сите дилеми околу победникот (85-58). До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 100-81.

Вер со 19 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека Мекиќ уфрли 15. Кај поразените Хаџибеговиќ заврши со 20 поени.

Се вчитува...