МЗТ Скопје со видео-компилација за фановите: Седете дома и гледајте го најдоброто од нас (ВИДЕО)

Македонскиот шампион КК МЗТ Скопје, повикувајќи сите жители на Македонија да останат во своите домови како превенција од коронавирусот, за своите навивачи и сите љубители на кошарката подготви компилација од најубавите потези на тимот од досегашниот тек на сезоната.

„Додека мрежичките во салите принудно мируваат, периодот додека седите безбедни во својот дом пополнете го со уживање гледајќи компилација од најдобрите потези на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од првиот дел од сезоната во АБА2-лигата“ – порачуваат „металците“.

Се вчитува...