МЗТ Скопје во нов предизвик: По триумф над Младост за останување во игра за АБА1

МЗТ Скопје со освоеното петто место во лигашкиот дел во АБА2 обезбеди место во доигрувањето за пласман во елитно друштво од регионалното натпреварување. Патот нема да биде лесен, а предизвикот на турнирот во Подгорица почнува со денешниот дуел (12 часот) против српкиот претставник Младост Земун.

Согласно пропозициите, четвртфиналињата се играат во два натпревари, а пласман во полуфиналето обезбедува тимот со подобар вкупен резултат. МЗТ Скопје и Младост Земун се сретнаа на 7 март годинава, дуел што српскиот тим го доби со 81-73. Добра вест за „металците“ е што повредените и болните кошаркари се вратија во ритам, па тренерот Радуловиќ ќе го има на располагање целокупниот тим.

„Веруваме во себе, знаеме дека ако одиграме на висина на задачата можеме да го совладаме Младост. Јасно е дека нема да ни биде лесно, но подготвени сме за овој предизвик. Противникот игра агресивна кошарка, ќе одговориме адекватно на тоа. Знаеме дека нема да биде нималку лесно на овој турнир во Подгорица, но решени сме да стигнеме што подалеку“, изјави Адем Мекиќ, кошаркарот кој игра одлично во дресот на МЗТ откако на клупата на овој тим седна Дарко Радуловиќ.

Се вчитува...