МЗТ Скопје во преговори со Симиќ

МЗТ Скопје ја освои двојната круна на домашната сцена, во меѓувреме беше договорено продолжување на соработката со тренерот Васко Атанасов, а сега погледите се насочуваат кон засилување на играчкиот ростер.

Високо на листата со желби на аеродромци се наоѓа Теодор Симиќ, кој во наредниот период би можел и официјално да потпише договор со МЗТ и да стане засилување за центарската линија на актуелниот шампион на Македонија. Големиот талент ја мина младинската школа на Барселона, но по заминувањето од Шпанија следеше преселба во Игокеа, каде не доби вистинска шанса, туку беше испратен на позајмица во Борац Бања Лука.

Здравствените проблеми беа причина Симиќ да ја пропушти речиси целата ланска сезона, но неговата состојба во меѓувреме се стабилизираше. Разговорите меѓу МЗТ и Симиќ траат веќе извесно време и големи се шасните да биде постигнат целосен договор и во следниот период да дојде и до потпис за соработка меѓу талентираниот центар и актуелниот првак на Македонија.

Се вчитува...