МЗТ Скопје, во тага и шок, вечерва ќе игра за Мац – за место во големото финале!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва како гости од 19 часот го играат третиот натпревар од полуфиналната плејоф-серија против ТФТ Скопје, во кој ја имаат првата шанса да го потврдат настапот во големото финале од македонскиот шампионат.

Дуелот за „металците“ доаѓа во моменти на шок по ненадејната смрт на Марјан Михајловски, човекот кој беше дел од клубот и кој цел живот живееше со и за МЗТ Скопје.

„Тоа секако ќе биде дополнителен мотив за избраниците на тренерот Васко Атанасов да победат за него, но и повики за сите навиивачи на клубот и за сите кои го сакаа и ценеа и кои знаеја колку ја сакаше сино-белата боја да дојдат во СРЦ „Кале“ и да му го упатот последниот аплауз кон небото. Секако и да помогнат да се оствари тоа што тој најмногу го сакаше, а тоа се победите на својот миленик“ – истакнуваат од МЗТ Скопје пред денешната пресметка.

Се вчитува...