МЗТ славеше и во Гостивар: На еден чекор до финалето (86-92)

Кошаркарите на МЗТ Скопје се на само една победа до пласман во финалето од плеј-оф серијата во битката за шампионската титула откако славеа и на вториот меч од полуфиналната серија против Гостивар. „Металците“ триумфираа на гостински терен со 86-92 (23-20, 12-30, 23-22, 28-20) за водство од 2-0.

Гостивар одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина, но во продолжението МЗТ Скопје имаше одлична реализација особено за три поени па тоа им донесе феноменанел втор период за водство од 35-50 на полувремето.

Гостите во ист стил продолжија и во второто полувреме кога веќе се навестуваше победникот. Домашните се обидоа да се вратат во игра во финишот, но сето тоа беше задоцнето. На три минути до крајот Гостивар се врати на 77-79, но толку. Стојановски и Иванов погодија во последните минути за втора победа на својот тим.

Токму Дамјан Стојановски беше најефикасен кај гостите со 30 поени, дополнето и со 11 скока, а Иванов мечот го заврши со 23 поени, 10 скока и шест асистенции. Кај Гостивар, Костоски беше одличен со 20 поени, 8 асистенции и четири скока.

Се вчитува...