МЗТ со бесплатен влез за дербито со Блокотехна: Да му се реваншираме на должникот!

Раководството на МЗТ Скопје Аеродром одлучи за дерби пресметката на стартот од пролетниот дел од сезоната против Блокотехна да ги отвори вратите на „Јане Сандански“.

„Почеток на вториот дел од сезоната во Првата лига и тоа веднаш со дерби против должникот од Гевгелија. Дојдете да ни дадете поддршка во обидот да и се реваншираме на Блокотехна за поразот во првиот меч. ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН!“ – информираат од МЗТ Скопје.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Блокотехна во рамките на 12. коло од Првата македонска кошаркарска лига се игра в недела, 20. јануари, со почетокот од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...