МЗТ со емотивно збогување од Мац: Почивај во мир, мајоре (ФОТО)

МЗТ Скопје со максимални 3-0 славеше во полуфиналната серија против ТФТ, но меѓу аеродромци немаше расположение за славје, поради тагата што го завеа овој клуб поради прераната смрт на легендарниот навивач Марјан Михајловски – Мац, кој во последните години работеше и како дел од администрацијата во аеродромскиот прволигаш.

„Фемили Аеродром“ се појавија во голем број на трибините во „СРЦ Кале“, голем дел од нив облечени во црно изразувајќи му почит на починатиот пријател.

Кошаркарите на загревање се појавија со маици со ликот на Мац, исти маици носеа и членовите на стручниот штаб на МЗТ, а беше направена и заедничка фотографија со навивачите, со порака: Почивај во мир, мајоре, посветена на Михајловски.

Се вчитува...