МЗТ со „метла“ за Пелистер до јубилејна десетта титула во мак-баскетот

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја продолжија домаинацијата во домашниот шампионат, откако славеа и во третиот натпревар со Пелистер, овојпат во Битола со 83-92.

Натпреварот почна израмнето, но и ефикасно на двете страни, игра во која за нијанса подобро се снајдоа домаќините и по десет минути игра имаа предност од 24-21.

Актуелниот шампион заигра далеку подобро во вториот период во кој ја зацврстија одбраната, па по дваесет минути игра на семафорот стоеше резултатот (39-41).

„Металците“ третиот период го одиграа како во транс. Пелистерци промашуваа зицери и слободни фрлања, а Аеродромци погодуваа од секоја позиција па на влезот на последната четвртина влегоа со позитива од … Во последната четвртина „пелистерци“ дадоа максимум и за првпат по стартот на второто полувреме на три и пол минути до крајот успеаја да стигнат на едноцифрена негатива (70-79). По тајм-аутот на Васко Атанасов, Војдан Стојановски зеде се во свои раце и ги реши сите дилеми околу победникот.

Токму Војдан со неверојатни 33 поени и неверојатна реализација од поле (12/14) и за тројка (6/7) беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Донтеј Карутерс постигна 18 поени.

МЗТ Скопје Аеродром со оваа победа стигна до јубилејната десета титула во домашниот шампионат во последните единаесет години, а четврта во низа.

Се вчитува...