МЗТ со серија од 17-0 го скрши отпорот на Куманово

МЗТ Скопје поведе со 1-0 во четвртфиналната серија против Куманово (88-71), откако „металците“ по освоениот Куп на Македонија одиграа уште една квалитетна дефанзивна партија со која во третата четвртина го скршија отпорот на гостинскиот состав.

Избраниците на Радуловиќ одлично го почнаа мечот, на половина од стартната четвртина поведувајќи со двоцифрена позитива со поените на Николов (17-6). Првите десет минути завршија со убедливи 23-11 за МЗТ Скопје, но кумановци не само што се консолидираа, туку во вториот период целосно се вратија во мечот, добивајќи ја четвртината со 14-26 и на одмор заминувајќи со израмнети 37-37

Гостинскиот состав беше нешто подобар и на стартот од третата четвртина, поведе со 42-47, но тогаш „металците“ целосно ја презедоа контролата, во наредните минути направија серија од 17-0, стигнаа до двоцифрена предност и рутински го контролираа резултатот се до самиот крај.

Олуџоби беше најефикасен кај МЗТ Скопје со 24 постигнати поени, 14 постигна Бојан Крстевски, додека прв стрелец на Куманово на вечерашниот натпревар беше Андрејевиќ, кој оствари дабл-дабл од 17 поени и 10 скокови.

Се вчитува...