Н’Голо Канте уште трча на „Стемфорд бриџ“… (ВИДЕО)

Французинот Н’Голо Канте одигра феноменален натпревар за Челси против Атлетико Мадрид.

Канте како навиен трчаше на комплетниот натпревар, па на социјалните мрежи и денеска течат шегите дека францускиот фудбалер се уште трча на „Стемфорд бриџ“.

И самиот Томас Тухел е воодушевен од тоа што Канте го правеше на теренот…

„Кога играте со Канте имате половина човек предност на теренот. Дава таков интензитет на играта, тоа е нешто навистина неверојатно“ – рече Тухел за Канте, кој на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.

Се вчитува...