Кире Лазаров се приближува на залезот на кариерата, но видеото од натпреварот меѓу Пелистер и чешкиот Ковопетрол е извонредна можност да се потсетиме на ракометните почетоци на долгогодишниот капитен на нашиот национален тим.
Мечот се одигра пред повеќе од 21 година, на 3 септември 1998, кога 18-годишниот Лазаров блесна во дуелот од 1/16 финалето од Лигата на шампионите. На голот на гостите се наоѓаше Штохл, кој во наредниот период направи добра кариера, но таа ноќ не најде начин да го запре извонредниот Лазаров, кој како тинејџер 11 пати ја тресеше мрежата на чешкиот првак.
Пелистер на крајот триумфираше со 30-27, a Лазаров остана во таборот на битолчани до 2000 година, кога се пресели во Загреб, каде ја лансираше блескавата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА