На 30 минути до титула, Вардар на полувреме има плус пет против Веспрем

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Вардар одлично го почна финалниот дуел од Ф4 турнирот во Лигата на ракометните шампиони. Игра константно, одржува предност. Одбраната и Милосављев се на највисоко ниво. Во воведниот дел од првото полувреме водеше со два гола, потоа во средината се стабилизираше на три погодоци предност, достигна и максимлни шест во 28 минута (16-11). На полувремето Вардар има 16-11.

Вардар на паузата е на најдобар пат да стиге до нова, втора титула во Лигата на шампионите. Милосављев засега има пет одбрани,  Мораеш има четири погодоци, додека Субе по 30 минути има три гола. Дибиров, Криштопанс и Стоилов се по два гола.

 

 

Се вчитува...