На 5 минути пред финалето, Циципас дознал дека неговата баба починала

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас дознал дека неговата баба починала непосредно пред финалето на Ролан Гарос со Новак Ѓоковиќ.

Во своето прво Грен слам финале, Циципас загуби од Новак со 3-2 (6-8, 2-6, 6-3, 6-2, 6-4).

„Суштината на животот не е во победите и поразите, туку во уживањето во секој момент од животот, кога сте сами и кога сте со другите. Живејте смислен живот без мизерија. Подигањето трофеи и славењето победи е нешто, но не е сè. На пет минути пред да излезам на терен, мојата сакана баба ја загуби битката со својот живот“, напиша 22-годишниот Циципас на Инстаграм, заедно со фотографија со трофејот што го доби вицешампионот.

Со пласман во финалето, Циципас стана четвртиот тенисер во светот, што е најдобар ранг во неговата кариера досега. Младиот тенисер изјави дека овој успех го посветува на неговата баба.

„Мојата баба беше мудра жена чија вера во животот и подготвеност за давање не може да се спореди со ниту едно човечко суштество што сум го сретнал. Важно е да имаме луѓе како неа на овој свет, тие прават да се чувствуваме живи. Тие не тераат да сонуваме. Би сакал да кажам дека овој мој успех е посветен на неа и само на неа. Ви благодарам што го воспитавте татко ми. Без него, ништо од ова немаше да биде возможно“, заклучи Циципас.

 

 

 

Се вчитува...