Српскиот кошаркар во неговата 16-годишна професионална кариера, Мавренски играше за Раднички, ФМП Железник и Хемофарм во Србија, но и Ибон од Никшиќ и ЗТЕ од Унгарија. Во Македонија е препознатлив по неговите кошаркарски години во редовите на повеќекратниот македонски шампион.
Најславните негови денови, сепак, ги помина во Црвена Звезда со која беше шампион на СР Југославија во 1994 година. Како активен кошаркар ја претставуваше и Југославија, но во младинските репрезентации со кои освои злато на Европското кадетско првенство во 1983 и бронза на јуниорското првенство 1983 година.
Подоцна беше и тренер на Војводина, Визура, Железничар Инџија и унгарскиот Печ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА