Екипата на Наполи лошо ја започна сезоната, доживеа пет порази во првите девет натпревари во Серија А и во Лигата на шампионите, по што италијанските медиуми пишуваат дека тренерот Масимилијано Алегри може наскоро да добие отказ.
Ова е најлош старт за Наполи во последните 20 години, и доколку во следните два наптревари, против Бодо во ЛШ и против Рома во Серија А, екипата не оствари победи, голема е веројатноста Алегри да добие отказ.
Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис бил шокиран од вчерашниот пораз од Венеција во Серија А и од одлуката на Алегри во нападот да игра со двоецот Џиоване – Лука.
Поради тоа, медиумите веќе пишуваат за можните наследници на Алегри и како еден од главните фаворити го сметаат Хрватот Игор Тудор кој откако минатата сезона доби отказ од Тотенхем, е без ангажман.
Вториот фаворит е Винченцо Монтела кој до пред неколку дена беше селектор на турската репрезентација, пред да добие отказ по катастрофалниот старт во Лигата на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
