На Ансу фати му беше потребна само една минута за гол, Барса со победа над Бетис (ВИДЕО)

Барселона славеше со 1-2 на гостувањето кај Реал Бетис во последниот натпревар од денешната програма во 35. коло од шпанската Ла лига. По првото полувреме мрежите мируваа, па на пауза се замина со почетните 0-0.

Истиот резултат на семафорот во Севилја стоеше и во поголемиот дел од второто полувреме, а за нешто да се промени на теренот мораше во игра да влезе младата ѕвезда на Каталонците, Ансу Фати кој по тешката повреда конечно се врати во тимот на Барса. Младиот шпански репрезентативец во игра влезе во 75. минута, а само една минута му беше доволна за да го постигне и првиот гол по враќањето на терените.

Сепак, домаќините брзо стигнаа до изедначување на 1-1  преку Бартра во 79. минута. Конечните 1-2 ги постави Алба во 94. минута.

 

Real Betis 0 – [1] Barcelona – Ansu Fati 76′ from soccer

 

 

 

Се вчитува...