На Атлетико не му треба Алварез – три бода во Севиља

Атлетико Мадрид ја забележа и втората овосезонска победа откако на гостински терен ја совлада екипата на Севиља со 1-3. Во период во кој мадридскиот клуб најчесто е споменуван со сагата на Хулијан Алварез, вечерва шоуто го украде шпанскиот репрезентативец Баења, кој го предводеше Атлетико до големата победа.

Првото полувреме мина во целосна доминација на гостите од Мадрид, Баења го отвори резултатот на асистенција на Ли, следеше погодок на Лукман за 0-2, а потоа и вториот гол на Баења за убедливи 0-3 по 45 минути игра.

Сиера со голот во 66. минута ја крена атмосферата на теренот и на трибините на „Санчез Пизхуан“, но дисциплинираната одбрана на Атлетико не им дозволи на домаќините да се приближат посериозно и да им ја загрозат победата.

Се вчитува...