На Баерн Минхен му се повторува „случајот Алаба“?

Давид Алаба по единаесет години поминати во Баерн Минхен го напушти клубот и се пресели во редовите на Реал Мадрид откако не успеа да најде заеднички јазик со баварците околку годишните примања, а на сличен потег може да се одлучи и Леон Горетзка.

Дваесетишест годишниот играч за врска има договор со минхенскиот клуб до крајот на следната сезона, а преговорите за продолжување на соработката не се одвиваат најдобро. Баерн Минхен на Германецот му нуди 10 милиони евра по сезона, а агентот на играчот бара дупло повеќе.

Оваа ситуација ќе се обиде да ја искористи Манчестер Јунајтед кој е подготвен да ги исполни барањата на репрезентативецот на „панцерите“, пренесуваат германските медиуми. „Црвените ѓаволи“ во Горетзка гледаат замена за Пол Погба кој најверојатно ќе замине без обесштетување по завршувањето на договорот.

Се вчитува...