На Бекер му се заканува седум години затворска казна

На поранешниот германски тенисер Борис Бекер му се заканува затворска казна од седум години. Шесткратниот гранд-слем освојувач пред пет години прогласи банкрот, по што не ги испочитува налозите за обелоденување на финансиските податоци.

Покрај тоа во обвинението против него стои дека го криел имото од стечајните извршители во Велика Британија и Германија. На сослушувањето во Лозана Бекер изјави дека не е крив. Обвинението на Бекер содржи 24 спорни точки поради кои ќе мора да оди на повеќе рочишта во различни судови.

Доколку се докаже дека тој е виновен и навистина го криел имотот што го поседува и не го пријавил кога прогласил банкрот може да заработи казна затвор и до седум години. Првото судење е закажано за 24. март во Лондон. Судија во неговото рочиште ќе биде прочуената Дебора Тејлор, која основачот на „Викиликс“, Жулијан Асанж го осуди на 50 години затвор.

Се вчитува...