На „Чаир“ се враќа добро познато име како замена за Цветаноски?

Шкупи низ пролетниот дел од сезоната веројатно ќе остане без услугите на Матеј Цветаноски, кому му истече договорот со чаирскиот тим, и кој веројатно ќе продолжи во странство. Затоа од лидерот на табелата бараат негова замена, а веројатно е веќе најдена и тоа во име кое што година и пол го носеше дресот на овој тим.

Станува збор за Кристијан Стојкоски, офанзивното крило кое што заминува од Работнички, и на добар пат е повторно да го облече дресот на Шкупи. Стојкоски од август 2017 до крајот на 2018 година беше дел од Шкупи, потоа замина во Академија Пандев, а од почетокот на минатата сезона се врати потпиша за Работнички.

30-годишниот Стојкоски, покрај овие клубови играше и во Тетекс. Стојкоски сезонава играше на 17 меча, постигна еден гол и имаше шест асистенции во дресот на „романтичарите“.

Се вчитува...