На Данците им се „удри од глава“ поразот од Франција: Шпанија е прв финалист на ЕП 2022!

Шпаније е првиот финалист на Европското првенство 2022, откако во првата полуфинална пресметка во Будимпешта славеше против големиот фаворит Данска со 29-25 (13-14).

Данска одлично го почна мечот со постојано водство во првото полувреме кое во еден момент во 20. минута изнесуваше и 9-5. Но, потоа максимална консолидација на Шпанците кои до полувремето стигнаа до минус од само еден разлика (14-13).

А, во второто полувреме продолжи играта од финишот на првиот дел на Шпанија која во 42. минута, благодарение на одличниот на голот Перез де Варгас, првпат на мечот дојдоа до предност од 16-18. Сето тоа се одржуваше во континуитет, па во 52. минута Шпанија дојде до предност и од 21-24.

Перез де Варгас и до крајот беше извонреден на голот водејќи го до големата победа од 25-29 со која Шпанците ќе играат финале. Наспроти Данска која откако загуби добиен меч со Франција во натпреварите по групи, па како второпласирана налета на Шпанија и загуби во полуфиналето.

Де Варгас беше извонреден кај Шпанците со 13 одбрана, а Гомез Абељо, пак, „решеташе“ на спротивната страна со 11 гола. Канељас мечот го заврши со шест постигнати погодоци. На спротивната страна, Микел Хансен заврши со осум погодоци, а Ландин на голот имаше 11 одбрани.

Се вчитува...