На ден на мечот со Шпанија: Роналдо осуден на две години затвор и 18 милиони евра

Кристијано Роналдо за неколку часа ќе треба да ја предводи Португалија на дуелот против Шпанија, па неверојатна е коинциденцијата што токму сега се појавува информацијата за конечниот договор во судскиот процес против асот на Реал Мадрид за затајување на данок.

Како што јавува весникот „Ел Мундо“, Роналдо постигнал договор со обвинителството да биде казнет со двогодишна условна затворска казна, како и парична казна во висина од 18.8 милиони евра. Обвинителството претходно бараше тој да плати 29 милиони евра, но адвокатскиот тим на Роналдо успеа да го принесе докази дека вкупната сума за која е затаен данокот не изнесува 14,7, туку 5,7 милиони евра. Остатокот од сумата се однесува на казни и камати.

Останува да се види како целата ситуација ќе се одрази врз мотивираноста на Кристијано, на дуелот со Шпанија на својот прв настап на СП 2018.

Се вчитува...