НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Пандееееееев… Историска победа над Грузија и пласман на Европско првенство! (ВИДЕО)

Пред точно една година Македонија испиша историја. На 12 ноември 2020 година, македонската фудбалска репрезентација ја совлада Грузија, и се пласираше на Европско првенство, првпат во својата историја.

Стрелец на „златниот гол“ беше Горан Пандев кој ја донесе победата во Лигата на Нации, и пласманот на толку посакуваното и очекувано Европско првенство кое се одржа годинава поради пандемијата, во повеќе европски градови.

Македонија подоцна се падна во групата со Австрија, Украина и Холандија, во која забележа три порази. Сега Македонија брка пласман на еден Мундијал, а првата шанса е веќе во недела кога нашата селекција игра со Исланд, и потребна е само победа за обезбедување на баражот за Мундијалот во Катар.

Да се потсетиме како беше лани на овој ден во Тбилиси:

Се вчитува...