Марија Шарапова пред три години го потресе спортскиот свет

Три години по допинг скандалот Марија Шарапова повторно е етаблирана во светот на женскиот тенис. Иако е на пауза поради повртеда на проблематичното рамо, Русинката е меѓу најдобрите 30 во светот и на сите турнири е сериозна закана за најдоброрангираните. Нејзиното признание дека паднала на допинг тест кој и бил направен за време на Австралија Опен 2016 беше еден од најголоемите потреси во светот на спортот.

„Направив голема грешка, ги изневерив своите навивачи и овој спорт. Знам дека ќе сносам последици, но не сакам да ја завршам кариерата на ваков начин. Стварно се надевам дека ќе добијам нова шанса да играм тенис, играта која толку многу ја сакам. Мелдониум прв пат користев во 2006 година поради недостаток на магнезиум во организмот. Исто така го користев со уште неколку лекови, како превенција против дијабетес. Имав симптоми на дијабетес, а и во мојата фамилија има луѓе кои се соочуваат со оваа болест“ – призна Шарапова на конференцијата за медиуми.

Првите реакции по нејзината изјава беа различни. Реакциите беа поделми и кај спонзирите и во тениските свет. Една од ретките која застана на страна на Русинката беше нејзината најголема ривалка, Серена  Вилијамс:

„Марија ја презема одговорноста и со тоа покажа голема храброст, големо срце“.

Шарапова првично доби суспензија од две години, а потоа казната и беше намалена на 15 месеци. Се врати на 27 април 2017 година кога со специјана покана настапи на турнирот во Штутгарт.

И тогаш, но и ден денеска многу тенисерки ја осудуваат, поради фактот што се уште добива специјални покани од организаторите на ВТА турнирите:

„Мојата работа е да излезам на терен и да правам тоа што го сакам, а тоа е да играм тенис. Не е важно дали имам лош ден или не, дали навивачите ќе бидат против мене или на моја страна. На крајот на денот морам да дадам се од себе и да одиграм најдобро што можам. Не можам да контролирам што луѓето мислат или ќе кажат за неколку години за мене. Не е моја работа да одлучувам за специјалните покани од организаторите на турнирите. Ја сум професионална тенисерка и моја работа е да излезам на терен и да играм тенис.“ – коментираше Шарапова.

Марија Шарапова во пет наврати ја предводеше ВТА листата, првпат на врвот беше во 2005 година на само 18 години. Вкупно првполасираниа веше 21 недела. Таа е само една од десетте тенисерки во историјата и едниствена Русинка кој има тениските Гренд-слем, има сребро од олимписките игри во лондон во 2012 година.

Се вчитува...