Ливерпул има многу турбуленции оваа сезона, и по ужасната серија порази во септември и октомври, тимот малку се опорави, ако ништо друго долго време немаат пораз. Има премногу нерешени резултати, а малку победи, а ја нема и препознатливата игра.
Многумина се на мислење дека Арне Слот не е вистинскиот човек за клубот, дури има и коментари дека фудбалерите го бојкотираат. Во јануари, во Ливерпул би можело да биде доста интересно во врска со преодниот рок.
Едно потпишување веќе се случи и навивачите се оставени во неверица. Мор Тала Ндијаје, 18-годишен фудбалер, се приклучи на клубот. Тој е дефанзивец кој пристигна од сенегалскиот Амитие.
Се вели дека тоа била желба на Арне Слот, што ги изнервира навивачите уште повеќе. Станува збор за млад фудбалер кој можеби има добра кариера пред себе, но навивачите на Ливерпул не се подготвени за експериментирање сега кога се потребни клучни засилувања посебно во одбраната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

