На големиот празник Илинден – Комитите го освојуваат Копенхаген

Голем празник македонски е денеска, Илинден, еден од најсветлите датуми во македонската историја. Се погоди така, токму на Илинден и фудбалерите на Вардар да ја бијат својата историска битка, за елиминација на данскиот првак Копенхаген, и за место меѓу европската елита, за продолжување на бајката што започна со елиминацијата на Малме.

Цела деценија не се израдувала фудбалска Македонија на пласман на фудбалскиот првак во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а Вардар може и чекор понатаму, до плејофот за влез во групната фаза. Има предност од 1-0 од првиот меч во Скопје и вечерва (20 часот) на стадионот „Паркен“ во Копенхаген ќе се обиде да ја претвори во нов голем клупски успех. Ќе биде и најголем на меѓународен план.

„Подготвени сме. За ваков меч, се чека со децении. Мора да сме подготвени“, вели капитенот Бобан Грнчаров, најавувајќи дека и неговите соиграчи се максимално фокусирани на денешната битка. На Илинден – Комитите го освојуваат Копенхаген.

Се вчитува...