На Гвардиола не му треба напаѓач – Де Бруине носи водство против Борусија (видео)

Кевин Де Бруине е стрелец на првиот гол во овогодинешните четвртфинални пресметки од Лигата на Шампионите откако белгискиот генијалец го донесе Манчестер Сити во водство против Борусија Дортмунд.

Пеп Гвардиола изненади стартувајќи го мечот без напаѓач во тимот, оставајќи ги на клупата Агуеро, Стерлинг и Габриел Жезус. Сепак, и со ваква невообичаена формација „граѓаните“ први поведоа благодарение на Де Бруине, кој стрелаше прецизно на додавање на Марез.

Се вчитува...