Суспензија од девет месеци за Нурмагомедов?!

Хабиб Нурмагомедов е во очекување на казната од Спортската комисија на Невада за хаосот што го предизвика по борбата со Конор Мекгрегор. Русинот беше победник во атрактивната УФЦ борба што го привлече светското внимание, но веднаш по неа, како реакција на навредите, излезе од кафезот и се пресмета со соработниците и пријателите на Мекгрегор.

Иако официјалната казна ќе биде соопштена на крајот од јануари следната година, таткото на Хабиб ги најави можните санкции.

„Во очекување сме, но колку што знам јас ќе добие казна од половина милион долари и суспензија од девет месеци. Ова никогаш не смееше да се случи“ – изјави Абдулменап Нурмагомедов.

Без разлика на можната суспензија, Нумагомедов веќе ги планира следните борби, а еден од потенцијалните противници е непоразениот боксерски шампион, Флојд Мејведер.

 

Се вчитува...