На хаосот во ПСЖ му нема крај: Рамос нападна фоторепортер (ВИДЕО)

После вчерашниот прв натпревар во 1/8 финалето во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен, играчите на домашниот состав заминаа да ги поздрават навивачите. Меѓу нив беше и Рамос кој видно нервозен реагираше кон фоторепортерите.

Еден фоторепортер случајно имаше контакт со Рамос, а Шпанецот веднаш го нападна. Сето тоа го „фатија“ камерите.

Атмосферата во ПСЖ и онака е нарушена, па уште ова му требаше на искусниот Рамос. Претходно имаше шпекулации за караница во соблекувалната поради поразот од Монако.

За ПСЖ ова беше петти пораз во оваа година. За потсетување во целата 2022 година имаа само четири.

На Рамос договорот му истекува во јуни 2023 година, а веројатно нема да му биде продолжен.

Се вчитува...