На Илинден во Кратово, убав тест – Силекс против Хата на Хаџиевски

Убава фудбалска претстава ќе се одржи на Илинден, на 2 август во Кратово. Македонскиот прволигаш Силекс ќе одигра пријателски натпревар со Хата, тимот од Дубаи чиј тренер е македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски.

Хата доаѓа на подготовки во Македонија, ќе ги реализира во нашиот туристички центар Охрид, а планот е да спарингува и со неколку македонски клубови.

Тестот меѓу Силекс и Хата е закажан за 2 август со почеток во 17.45 часот.

Се вчитува...