На Јовиќ му се заканува затворска казна!

Првото основно обвинителство во Белград и наложи на полицијата во српскиот главен град да поднесе кривична пријава против фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, поради непочитување на мерките за самоизолација откако од странство се вратил во земјата.

Голгетерот на „кралскиот клуб“ го навлече бесот на домашната јавност откако „побегна“ од Мадрид, каде беше во карантин по позитивниот тест на коронавирус на кошаркарот на Реал, Треј Томпкинс. Тој по доаѓањето во Србија за роденденската забава на својата девојка не само што не останал во самоизолација, туку и целото време го минал по кафулињата и кафеаните во Белград, ставајќи во опасност бројни животи.

Затоа, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сомневање вршење на кривично дело по членот 248, односно непостапување по здравствените прописи за време на епидемија. Според законот, на фудбалерот му се заканува затворска казна до максимум три години.

Се вчитува...