На Кариус му се тресеа рацете – од Даниела (ФОТО)

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, стана вирален хит по катастрофалните грешки што ги имаше во финалето на Лигата на шампионите, а замина и на детални лекарски прегледи во САД, кои покажаа дека тој имал мал потрес на мозокот, од судирот со Серхио Рамос.

Сепак, „Кориере дело спорт“, италијанскиот спортски весник, излезе со нова теорија, дека на Лорис му се треселе рацете од прекрасната Даниела. Тој во врска со Даниела Грејс, британскиот фотомодел, со кој своевремено се забавуваше и Кристијано Роналдо. Во моментот тие се на летен одмор на Бора Бора…

Се вчитува...