На катарскиот шеик му е преку глава од Мбапе: Продолжување на договорот или „шут карта“

Килијан Мбапе останува топ тема во фудбалската јавност и ова лето. Францускиот голгетер обива да го продолжи договорот со ПСЖ и по истекот на следната година, а по бројните препукувања преку медиумите и раководството на парискиот клуб повеќе нема трпение за својот најдобар фудбалер.

Како што пренесуваат шпанските и француските медиуми катарскиот шеик Тамим бин Хамад Ал Тани му дал ултиматим на 24-годишникот да го продолжи договорот пред почетокот на подготовките за новата сезона или ќе биде продаден на оној кој за неговите услиги ќе издвои 200 милиони евра.

Мбапе претходната година беше пред премин во Реал Мадрид, но се одлучи да остане на „Паркот на Принцовите“ заедно со Меси и Нејмар во обид титулата од Лигата на Шампионите да стигне до Париз. Откако големото трио се распадна, се поизвесно е дека овој пат ќе се реализира спектакуларниот трансфер.

Се вчитува...