На Кејн му требаа само неколку секунди – влезе и погоди за израмнување (ВИДЕО)

Македонија „поткелкна“ во 59. минута од средбата. Хари Кејн само што влезе во игра, веднаш погоди. Неколку секунди само му требаа на главниот напаѓач на „Гордиот Албион“.

Нафрли од корнер Фоден, го најде Кејн на првиот дирек кој со глава стрелаше во голот на Димитриевски, и сега Англија и дефинитивно израмнува после поништениот гол на Грилиш.

Сега Англија ќе ги сака и сите три бода од гостувањето во Скопје.

Се вчитува...