На Кливленд никако не му оди без Леброн, ама и Лејкерси губат и со него… (ВИДЕО)

Портланд загуби на гостувањето во Мајами со 120-111 во еден од синоќешните девет натпревари од НБА лигата. Лејкерси загубија од Сан Антонио а Милвоки дојде до победа против Орландо.

На Портланд не му помогна ниту Демијан Лилард кој постигна дури 42 поени. Во триумфот на Мајами се истакна Горан Драгиќ со 28 поени.

ЛА Лејкерс запишаа пораз од Сан Антонио со 110-106. Леброн Џејмс не беше доволен за гостите со 35 поени и 11 скока. а на спротивната страна брлијираше Демар Дерозан со 30 поени, 12 скока и осум асистенции.

Антетокуомпо со 21 поен и седум скока го водеше Милвоки до триумф над Орландо од 113-91, додека Мидлтон дополни со 18 поени. Кај Орландо, Никола Вучевиќ постигна 16 поени, со девет скока.

Филаделфија беше подобра од Шарлот со 105-103, а најдобар поединец на мечот беше Џоел Ембид. Центарот на Филаделфија постигна 27 поени притоа и со 14 скока. Кај гостите Кемба Вокер запиша 37 поени, шест асистенции и исто толку скока.

На Кливленд никако не му оди без Леброн. Изминатава ноќ во составот на беше и Кевин Лав па поразот од Индијана од 119-107 беше неизбежен. Богдановиќ му пресуди на Кливленд со 25 поени.

Од останатите натпревари, Бостон славеше со 109-89 против Детроит, додека Јута со 132-11 го победи Њујорк. Чикаго со 85-97 славеше во Атланта.

Се вчитува...