На Клоп му олесна: Салах е подготвен за битката на „Етихад“ против Манчестер сити

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах ќе биде во составот на Ливерпул на вечерашниот реванш од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити. „Црвените“ имаат убедливи 3-0 од првиот дуел на „Енфилд роуд“, но стравуваа за здравствената состојба на Салах, кој се пожали на повреда на препоните и беше повлечен од игра токму на тој дуел, на почетокот на второто полувреме.

Египќанецот не настапи на градското дерби со Евертон во Премиер – лигата, но подготвен е за настап откако синоќа го одработи последниот тренинг заедно со своите соиграчи. Салах е најдобриот играч на Ливерпул оваа сезона и сигурно дека нападот со него ќе биде многу поопасен.

Се вчитува...