На Клоп му пукна филмот, па „удри“ по Џејми Карагер

Повредата на Вирџил ван Дајк предизвика тензична атмосфера во таборот на Ливерпул, Јирген Клоп се обидува да најде начин да го надополни отсуството на лидерот на теренот, но Германецот се почесто и губи нерви поради критиките кон него и управата. Клупската легенда Џејми Карагер неколку пати ги критикуваше „црвените“ што летово не беше донесен нов централен дефанзивец по заминувањето на Дејан Ловрен, потенцирајќи дека доколку тоа се случело повредата на Ван Дајк немало да биде толку катастрофална за клубот

,Јасно е дека не можеш да имач четири „штопери“ од светска класа, никој нема толку. Но треба да имаш четири квалитетни централни дефанзивци, токму од причините поради ова што му се случува на Ливерпул во моментов“, порача Карагер во текот на вчерашниот ден.

Не се чекаше многу на одговорот на Клоп, кој на прес-конференцијата пред дуелот со Ајакс му врати на поранешниот дефанзивец.

„Ако Карагер ми вели дека лошо си ја работам работата, дека сум направил грешка… тоа сигурно е една од главните причини поради кои таквите како него не ја работат мојата работа“, одговори Клоп.

Се вчитува...