На Клоп понудено да се врати во Дортмунд, а тој со одговор: Дали си луд или пијан!?

Јирген Клоп во 2015 година си замина од Борусија Дортмунд. Но, летото 2018 година добил понуда да се врати на клупата на германскиот тим и тоа директно од првиот човек на клубот, Ханс-Јоаким Вацке. А, добил специфичен одговор од Клоп во негов стил…

„Знаев дека Јирген ќе го испочитува договорот до крај. Сепак, сакав да создадам ново поглавје во Борусија и морав едноставно да го замолам барем да размисли“ – раскажува сега Вацке.

А, Клоп ја потврди неговата приказна…

„Ми заѕвони телефонот додека бев во авион. ‘Јирген мора да се вратиш’. Мислев дека се шегува, па му одговорив: ‘Дали си луд или пијан? Од каде сега таа идеја? Имам уште неколку години во Ливерпул’“ – му порачал Клоп.

Околу сето тоа Вацке сега размислува:

„Никогаш нема да си простам што во тој момент, и покрај тоа што ме одби, не го молев до крај да се врати“.

Се вчитува...