На клупа гледал Ел класико на телефон додека тимот му губел на терен

Фудбалерот на Тулуз Матија Досеви на клупата за резерви гледал Ел класико на телефон, додека неговиот клуб губел на мечот против Олимпик Лион во купот на Франција. Тренерот на Тулуз, Антоан Комбура изјавил дека сопственикот на телефонот на кој Досеви гледал Ел класико ќе добие голема парична казна.

Досеви не е се уште казнет бидејќи не се знае дали телефонот е во негова сопственост или на неговиот соиграч Арон Леја Исека, кој исто така место да размислува на дуелот против Олимпик Лион, го гледал натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Доколку, Досеви добие парична казна и е прогласен за виновен во случајот со мобилниот телефон, тој ќе ја загуби и капитенската лента во тимот, која во моментов му припаѓа.

Се вчитува...