На кого му пречи Боб Марли? Ајакс не смее да ги носи своите специјални дресови во ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите фудбалерите на Ајакс ја почнуваат со гостување кај Спортинг Лисабон, а пред почетокот на натпреварувањето шампионот на Холандија е предупреден дека нема да може да ја користи третата гарнитура на дресови.

Уште кога минатата сезона беше објавено дека третата гарнитура на дресови за новата сезона ќе биде посветена на Боб Марли љубителите на фудбалот ширум светот беа воодушевени. Дресовите кои се во црвено-жолта-зелена и имаат три мали птици на грбот во склад со идејата дресот да биде омаж на неофицијалната химна на клубот „Three little birds“.

Меѓутоа УЕФА не дозволува егзибиции на дресовите. Како што соопштуваат од УЕФА на дресот може да биде истакнато само логото на клубот и логото на спонзорот, а на додатокот на холандскиот клуб гледаат како на „непотребна апликација“ што нема да смее да се носи за време на натпреварите од Лигата на Шампионите.

 

 

Се вчитува...