На Конте му пукна филмот: Ериксен на трансфер-листа

Антонио Конте доби „ветер во грб“ по добиената доверба од претседателот Жанг, па тренерот на Интер планира летово да состави тим по своја желба, без да дозволи преголемо мешање од директорите Марота и Аусилио. А прв потег на Конте ќе биде „црвен картон“ за Кристијан Ериксен, големото јануарско засилување на Интер кое воопшто не ги оправда очекувањата на „нероаѕурите“.

Самото доаѓање на Ериксен од Тотенхем не беше желба на Конте, кој инсистираше на Артуро Видал, но директорот Марота наместо чилеанскиот ветеран реши да го ангажира данскиот плејмејкер. Конте го „забетонира“ Ериксен на клупата за резерви, во неколку ситуации јавно го критикуваше за слабата форма, па не е никакво изненадување е што по сегашното добивање на „власт во клубот“ решава да го продаде овој одличен фудбалер.

Според италијанските медиуми, Данецот е проценет на 50 милиони евра, сума што неколку клубови ширум Европа се подготвени да ја платат. Со оглед на фактот дека Ериксен пристигна пред половина година за 27,5 милиони евра, продажбата на данскиот репрезентативец би донела и значителен финансиски профит за „нероаѕурите“, згора на тоа Конте би добил дополнителни средства за ангажман на фудбалерите што тој ги посакува во Интер.

Се вчитува...