На крилјата на Ибраими, Динамо Тирана им се врати на победите

Динамо Тирана стави крај на серијата од три натпревари без победа откако на домашен терен славеше над „фенерџијата“ Кастриоти со 1-0, а најзаслужен за тоа беше Агим Ибраими кој ја затресе мрежата во 66. минута.

Со овој триумф тимот од главниот град на Албанија се искачи на делба на четвртата позиција на табелата со скор од три победи, четири нерешени и три порази. Во следното коло Динамо се среќава во Лачи.


Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...