Барселона e нов шампион на Шпанија, осигурувајќи ја титулата на две кола пред крајот на Ла Лига, откако вечерва во 36. коло триумфираше со 0-2 во градската дерби пресметка против Еспањол.
Каталонците го освоија трофејот (вкупно 28 титула за Барса во историјата на Ла Лига) благодарение на кого друг ако не на феноменалниот Ламине Јамал, кој со гол и асистенција ја донесе победата.
Јамал со неверојатен погодок со шут од 18 метри донесе предност од 0-1 во 53. минута, а Лопез во 96. минута, на асистенција на Јамал, заокружи на 0-2. Трофејот е освоен со оглед на тоа што Барселона веќе има седум бода предност во однос на второпласираниот Реал Мадрид, на две кола до крајот.
🚨🇪🇸 GOAL | Espanyol 0-1 Barcelona | Lamine Yamal
WHAT A FANTASTIC GOAL FROM LAMINE YAMAL !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/D9Zxdz4dFb
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) May 15, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА